logo
logo
logo

Во кривичниот оддел на Апелација Скопје избрани – Марија Клетничка Марковска, Оља Ристова, Иван Џолев и Бетим Јахја

Vecer | 26.05.2025

Во кривичниот оддел на Апелација Скопје избрани – Марија Клетничка Марковска, Оља Ристова, Иван Џолев и Бетим Јахја

Судскиот совет избра шест судии за Апелацискиот суд Скопје, кои ќе судат во граѓанска област – Елизабета Настов, Софија Миленкова, Цветанка Силјановска Костадиновска, Кети Германова, Благица Ѓошевска и Артан Лимани.

Претходно во кривичниот оддел на Апелацискиот суд беа избрани четири судии – Марија Клетничка Марковска, Оља Ристова, Иван Џолев и Бетим Јахја. Судијата Џолев во моментот ја извршува функцијата претседател на Основниот кривичен суд Скопје.

На истата седница Судскиот совет го избра Африм Фидани за претседател на Врховниот суд.

Фидани доби 8 гласа „за“ и 5 „против“, додека неговата противкандидатка, доскорешната претседателка на Врховниот суд, Беса Адеми, доби 2 гласа „за“ и дури 11 „против“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk