logo
logo
logo

МВР го демантира СДСМ за „СОФТВЕР ЗА ШПИОНАЖА“ - Обновување лиценца не е набавка на нов софтвер за форензика, купен и во време на Спасовски

Vecer | 08.06.2025

МВР го демантира СДСМ за „СОФТВЕР ЗА ШПИОНАЖА“ - Обновување лиценца не е набавка на нов софтвер за форензика, купен и во време на Спасовски

Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла како невистинити и неосновани тврдењата изнесени од СДСМ за наводна набавка на „софтвер за шпионажа“.

„Потенцираме дека станува збор за редовно обновување на лиценци за специјализиран форензички софтвер, кој Министерството веќе повеќе од една деценија го користи за екстракција и анализа на дигитални податоци од мобилни телефони и други електронски уреди, во рамки на истраги што се водат исклучиво врз основа на наредби и во согласност со законските процедури.

Овие алатки не овозможуваат и не се користат за прислушување, туку претставуваат стандардна опрема за дигитална форензика, каква што се користи и од други безбедносни институции ширум светот.

Напоменуваме дека ист софтвер бил набавен и во 2021 година, во време кога Министерството било раководено од министер од политичката партија СДСМ, што како факт сам по себе ја нагласува противречноста на денешните обвинувања“, се наведува во соопштението.

Оттаму нагласуваат дека набавката е спроведена транспарентно и во согласност со Законот за јавни набавки и има единствена цел да го засили капацитетот на Одделот за форензички испитувања во откривање и докажување на кривични дела.

„Министерството апелира до сите политички чинители да се воздржат од пласирање на дезинформации кои ја поткопуваат довербата во институциите. Очекуваме поддршка за професионалното и законито постапување на службите во интерес на јавната безбедност. Борбата против криминалот мора да биде заеднички приоритет, а не повод за политички конструкции што одговараат само на оние кои се плашат од функционални институции и владеење на правото“, соопшти МВР.

Фото: МВР

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk