Повеќе од 70 млади лидери од сестринските партии на Европската народна партија од цела Европа во наредните денови ќе дискутираат за улогата на технологијата, стабилноста и младинските политики во иднината на западнобалканскиот регион во рамките на настан што се одржува во Скопје во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Студентската организација на Европската народна партија и Фондацијата „Конрад Аденауер“.
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер, Александар Николоски, истакна дека настанот претставува значајно признание за Македонија.
„Драго ми е што УМС е домаќин на најголемиот настан што го организира Европската демократска студентска организација на најголемата партија во Европа. Се сеќавам на периодот 2004 – 2008 кога бев претседател на УМС, луѓето со кои тогаш работевме денес се на врвот на европската политика. Убеден сум дека и оваа генерација што деновиве е во Скопје е следната генерација на европскиот континент – рече Николоски.
„УМС е домаќин на најголемиот европски настан којшто во текот на годината го организираат европските демократски студенти, студентската организација на Европската народна партија, најголемата партија во Европа и со тоа најголемата студентска организација во Европа.
Ова е организација од којашто излегле голем број на европски политичари, во времето кога јас бев претседател на УМС, во периодот помеѓу 2004-2008 година, дел од тие луѓе со кои тогаш комунициравме, дружевме, се гледавме, сега се во врвот на европската политика.
Убеден сум дека и оваа генерација којшто овие денови е во Скопје е следната генерација на европскиот континент и сум убеден дека овие три дена во Скопје ќе бидат доста интензивни, со цел да можат да се усвојат нови политики кои ќе ги применува Европската народна партија во делот на младинското и студентското организирање“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата