logo
logo
logo

82 години од стрелањето на 12 младинци во Ваташа: „Тие беа обични момчиња, а станаа вечни херои“

Vecer | 16.06.2025

82 години од стрелањето на 12 младинци во Ваташа: „Тие беа обични момчиња, а станаа вечни херои“

Осумдесет и две години од стрелањето на 12 младинци, за време на Втората светска војна, беа одбележани денеска во месноста Моклиште во кавадаречкото село Ваташа.

Беше положено цвеќе пред споменикот и бистите на младите луѓе.

Тие беа млади – со соништа, со љубови, со живот пред себе. Но, во мигот кога слободата беше задушена, тие не молчеа. Не се скрија. Се исправија. Се издигнаа. Со голи раце, но со огнени срца, го избраа отпорот наместо покорот. Правдата наместо стравот. Македонија – наместо себеси, рече меѓу другото, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Тие беа обични момчиња, истакна тој, а станаа вечни херои.

Никогаш нема да дозволиме да бидат заборавени, подвлече градоначалникот.

Историски час одржа кустос историчар Натка Китева од Музеј галеријата во Кавадарци. Беше реализирана и пригодна програма.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk