За велигденските празници доживуваме навистина пријатно и убаво време, четири неработни денови во кои, со ваква пролет, добиваме мир и повеќе сила за потоа.
А по празничните денови ен очекува промена на времето.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени, информираат од Управата за хидро – метеоролошки работи.
Во Скопје, исто така, се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура да се спушти до 8, а максималната да достигне до 27 степени.
Според синоптичарите, од утре следува период на променливо облачно, релативно топло и нестабилно време со честа појава на повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата