logo
logo
logo

Тошковски на Светскиот полициски самит во Дубаи

МАКЕДОНИЈА, и покрај ограничените ресурси, покажа СПОСОБНОСТ ВО СПРАВУВАЊЕ СО ТРАНСНАЦИОНАЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ

Vecer | 15.05.2025

МАКЕДОНИЈА, и покрај ограничените ресурси, покажа СПОСОБНОСТ ВО СПРАВУВАЊЕ СО ТРАНСНАЦИОНАЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати учествуваше на Светскиот полициски форум – глобална платформа за безбедносна соработка, технолошки иновации и иднината на полициското работење, која обединува полициски лидери и експерти од над 100 држави, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Како што известуваат оттаму, Тошковски во своето обраќање на самитот дадл осврт на улогата на Македонија како стратешки позиционирана држава на Балканот – мала по димензии, но голема по значење кога станува збор за регионалната стабилност и европската безбедност. Министерот Тошковски зборувал и за нашите искуства со управувањето со мигрантската криза, справувањето со трговијата со дрога и организираниот криминал, како и за нашата оперативна соработка со НАТО, ЕУ и другите меѓународни партнери.

„Македонија, и покрај ограничените ресурси, покажа способност да даде реален и мерлив придонес во справување со транснационални безбедносни закани“, потенцирал Тошковски.

Министерот Тошковски на маргините на самитот оствари значајна билатерална средба со шефот на Полицијата на Дубаи, Абдула Калифа Ал Мари, на која се заблагодари за можноста нашата држава да биде дел од ваков стратешки форум.

„Договоривме интензивирање на соработката на техничко ниво помеѓу двете институции, со акцент на размена на знаење и искуства, особено во делот на дигиталната трансформација и имплементацијата на алатки базирани на вештачка интелигенција во полициското работење“, нагласи министерот Тошковски.

Учеството на Светскиот полициски самит не е само симболично, тоа е реална можност за вмрежување со колеги од цел свет, за споделување добри практики и креирање партнерства кои водат до поефикасни, побрзи и покоординирани одговори на современите безбедносни предизвици.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk