Кандидатите за членови на Програмскиот совет на Македонската денеска се претставуваа пред членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите именувањата. Меѓу пријавените има и актуелни членови во Советот кој брои 13 членови. Нивниот мандат е пет години, а ги избира Собранието со двотретинско гласање.
Со оглед дека расправата по кандидатурите е завршена, Комисијата согласно Законот за ААВМУ, организира јавна расправа за кандидатите кои ги исполнуваат условите. На неа се поканети организациите кои ја дале поддршката и самите кандидати, рече претседателот на комисијата Ѓорѓија Сајкоски на почетокот на седницата.
Меѓу кандидатите кои се најдоа на утврдената листа има дипломирани новинари, политиколози, дипломирани правници, но и актери, музиколози, продуценти, електроинженер и доктори на науки. Дел од пријавените се членови на програмскиот совет на МРТВ.
Пред комисијата и претставници на организации од невладиниот сектор, своите кандидатури ги образложија 13 кандидати. Тие зборуваа за нивните визии и плановите за подобрување на работењето на националниот медиумски сервис и програмските содржини.
До паузата на седницата кандидатурите ги претставија: Ваљдета Касапи – професорка по албански јазик и книжевност од Скопје и доктор по комуниколошки науки, Илир Рамадани – магистер по правни науки од Ново село, Кичевско докторанд и поранешен новинар во ТВ Ускана, Лазо Трпков – специјалист политиколог од Скопје, Бурим Рамадани – дипломиран музичар теоретичар, педагог од Куманово, Златко Јанковски – дипломиран политиколог од Скопје и член на програмскиот совет, Патриот Лумани – дипломиран новинар од Франгово, Струшко, Ристе Панов – дипломиран политиколог и магистер по економски науки од Свети Николе и актуелен член на советот, Давор Пашоски – магистер по европски студии за интеграција од Скопје, Марјан Велевски – дипломиран новинар од Скопје во пензија, Миле Грозданоски – дипломиран по историја на книжевности, филмски и телевизиски режисер од Скопје, Селпин Керим – дипломиран актер од Скопје и член на програмскиот совет, Смилка Јанеска Саркањац – професор на ФИНКИ и актуелен претседател на Програмскиот совет на МРТ од 2017 година, Ведат Мемедалија – дипломиран новинар од Слупчане, општина Липково, досегашен заменик-претседател
По паузата пред комисијата се преставија уште 11 кандидати Никола Мадиќ, Анита Селими, Музбајдин Ќамили, Ивана Ефремоски, Билјана Бабиќ, Антонио Цилаков, Владимир Палашевски, Томислав Кежаровски, Владимир Крстевски, Беким Лачи и Маја Седрак.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата