logo
logo
logo

ОДЕТЕ ЗА И ОД ГРЦИЈА ПРЕКУ ДОЈРАН, преминот кај Гевгелија не е сигурен, додека сте стасале - го затвориле

Vecer | 07.12.2025

ОДЕТЕ ЗА И ОД ГРЦИЈА ПРЕКУ ДОЈРАН, преминот кај Гевгелија не е сигурен, додека сте стасале - го затвориле

Многумина го користат продолжениов викенд за патување во Грција и се соочуваат со проблем: кој граничен премин во моментот е отворен за премин? Причината е штрајк на грчките земјоделци и затворање на најголемиот граничен премин кај Гевгелија.

Блокирањето е од време на време, и никој не знае што че се случи: кога ќе тргне е отворено, додека стаса - го затвориле, и така во недоглед.

Само преминот Дојран кон Грција е , засега, постојано отворен за сообраќај.

Преминот Меџитлија денес е затворен за товарни возила и автобуси од 12:00 часот, додека преминот Богородица е во прекин од 11:00 часот поради штрајк на грчките земјоделци.

Од Авто-мото сојузот на Македонија известуваат дека времето на чекање на преминот Табановце кон Србија е околу 40 минути.

Возачите се препорачува да ги следат најновите информации и да го планираат патувањето однапред.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk