logo
logo
logo

МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА НАПРЕДУВА МНОГУ ДОБРО во исполнување на критериумите за членство во ЕУ, рече Пленковиќ

Vecer | 26.05.2026

МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА НАПРЕДУВА МНОГУ ДОБРО во исполнување на критериумите за членство во ЕУ, рече Пленковиќ

Македонската Влада е за исполнување на критериумите за членство во Европската Унија и сметам дека тие напредуваат многу добро - оцени хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ при денешната посета на земјата.

Одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција во Охрид со премиерот Христијан Мицкоски, забележа дека единственото отворено прашање во овој момент се односите со Бугарија.

- Бугарија имаше избори. Имаме стар претседател и нов премиер, господинот Радев, па ги очекуваме првите контакти, првите чекори што ќе ги направите на тоа ниво. Го следиме дијалогот што го имавте на министерско ниво и ќе настојуваме да ви помогнеме да се премостат пречките што постојат во тој процес - рече Пленковиќ.

Коментирајќи го нон пејперот од германскиот канцелар Фридрих Мерц за планираните новини за проширувањето во Европската Унија, Пленковиќ истакна дека тоа е очекувано писмо, кое пред сè се однесува на Укранина, и смета дека не може за едни земји да има кратенки, а за други бавност.

- ​Што се однесува до писмото на канцеларот Мерц, тоа за мене не е неочекувано. Тоа е плод, би рекол, на повеќемесечни размислувања, кои долго се присутни во Берлин. Ние за тоа разговаравме на самитот во Загреб, тоа беше самит на нашите сестрински партии од семејството на Европските народни партии (ЕПП), каде што беше сосем јасно дека очекувањата во тоа писмо, пред сè, се однесуваат на европската перспектива на Украина. Нема да може да излезат во пресрет на она што Украина го преживувала, особено во контекст на мировните преговори иницирани од страна на Соединетите Американски Држави, кои подразбираат полноправно членство - истакна Пленковиќ.

Сосема јасно е, според него, дека постои позитивна политичка волја од страна на канцеларот Мерц. Тој, како што посочи, тоа јасно го артикулирал и на самитот во Кипар пред еден месец, на кој бил присутен и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рекол дека треба да се испратат конкретни политички сигнали за поддршка на Украина за приспособено членство во ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk