logo
logo
logo

ОРКЕСТАР, СПЕЦИЈАЛЦИ И ВОЕНА ТЕХНОЛОГИЈА: Армиски ден за паметење во Штип

Vecer | 26.05.2026

ОРКЕСТАР, СПЕЦИЈАЛЦИ И ВОЕНА ТЕХНОЛОГИЈА: Армиски ден за паметење во Штип

Армијата на Република Македонија, на 28.05.2026 година (четврток) во период од 10:00 до 14:00 часот, на градскиот стадион во Штип организира презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата.

На настанот кој се реализира по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки се изврши оценување на борбената готовност (CREVAL) на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со дел од вооружувањето, опремата, возилата и способностите на Армијата, како и со дел од активностите кои секојдневно ги извршуваат припадниците на Армијата во исполнување на својата мисија.

Дополнително ќе може да се проследи:

– показна вежба (алпинистичка), реализирана од Извидувачко-разузнавачкиот баталјон,

– показна вежба со службени кучиња, во реализација на Командата за обука и доктрини,

– показна вежба-боречки вештини, во реализација на Баталјонот на специјални сили,

– показна вежба-егзерцир, во реализација на Баталјонот за почести,

– приказ на наставни медицински помагала за изведување на медицинска обука и демонстрација на укажување на прва помош на повреден, во реализација на Военомедицинскиот центар.

На настанот, работна точка ќе има и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, Скопје каде граѓаните одблиску ќе може да се запознаат со можностите кои ги нуди оваа високо образовна институција. Свој настап ќе има и Воениот оркестар на Армијата со изведба на музички дела со македонска тематика.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk