Премиерот Христијан Мицкоски имал средба со претставници на нафтената индустрија во државата.
- Разговаравме за актуелната состојба со нафтените деривати, имајќи ја предвид кризата на Блискиот Исток и глобалните предизвици во оваа индустрија.
Заклучивме дека нема простор за загриженост и дека состојбата е целосно под контрола. Залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат.
Ќе продолжиме будно да ја следиме состојбата и ќе реагираме во зависност од реалните потреби, објави Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата