Предлогот за изучување на бугарски јазик во македонските училишта наскоро може да стане реалност и тоа да почне од Штип, за тоа што тамошниот градоначалник Сашко Николов кој само што стапи на функцијата дал предлог дека нема ништо против негово изучување.
- Во духот на добрососедството и подобрата комуникација со Бугарија, дадов предлог дека нема ништо против во нашите училишта факултативно да се изучува бугарскиот јазик, бидејќи секој јазик кој што е познат и присутен преставува основна комуникација меѓу народите, рече Николов по денешната средба со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов кој го посети Штип.
Според изјавата на Николов, со Ангелов имале плодна средба на која разговарале за повеќе заеднички погранични проекти, за разни инвестиции кои би значеле развој и на двете држави, како и за соработката меѓу градовите.
Бугарскиот амбасадор е оптимист. Смета дека спорот меѓу Македонија и Бугарија, при што најважно е да се врати довербата меѓу народите.
За тоа дали во Бугарија се санкционира говорот на омраза Ангелов рече: „Емоциите кои што постојат и кај двете страни треба да се намалат и да влеземе во еден прагматичен дијалог кој ќе го острани целокупниот говор на омраза“.
Ангелов кој во името на бугарската амбасада додели 30 пакети на социјално загрозени семејства во Штип.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата