logo
logo
logo

Бугарија нуди БУГАРСКИ ПАСОШИ КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ во Голобрдо СО ПОМОШ НА АЛБАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ

Vecer | 06.06.2023

Бугарија нуди БУГАРСКИ ПАСОШИ КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ во Голобрдо СО ПОМОШ НА АЛБАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ

Од година во година се засилува бугарската пропаганда кај Македонците кои живеат во Албанија, а Бугарија преку тамошните власти се обидува да создаде Бугари.

Со поддршка од албански политичари, Бугарија нуди се повеќе бугарски пасоши во деловите населени со македонско малцинство. В

Претставникот на бугарското малцинство во Комитетот за малцинства во Албанија, Милена Селими на својот Фејсбук профил се пофали дека била на средба со жителите од селото Големо Острени, на која покрај другото се говорело и за олеснување на процедурите за обезбедување бугарски пасоши.

На средбата со македонското малцинство присуствувал и секретарот на Советот на Општината Булќиза, Фитим Бала.

Дел од Македонците во Албанија поради лошата економска состојба се принудени да вадат бугарски пасоши а официјалната политика во Софија тоа вешто го користи.

За ова неопходна е реакција не само од македонските претставници во Албанија, туку и од македонските власти во Македонија.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk