logo
logo
logo

„Борбата со корупција е декларативна, ТРЕБААТ РЕПЕРКУСИИ ЗА СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ КОИ НЕ ПОСТАПУВААТ ВО ДАДЕН РОК“

Vecer | 19.09.2023

„Борбата со корупција е декларативна, ТРЕБААТ РЕПЕРКУСИИ ЗА СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ КОИ НЕ ПОСТАПУВААТ ВО ДАДЕН РОК“

Сето тоа што го слушаме од страна на носителите на јавни функции, дека се спремни да се борат против корупцијата, веќе сметаме дека тоа е само декларативно. Заради тоа што на овој начин само се потпалува корупцијата, се зголемува можноста за тргување со влијание и за партиски пазарења, изјави денеска претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска.

Таа изјави дека новите измени во Кривичниот законик се избрзани и наместо да се намалува казна за оние што се огрешиле пред законот, треба да се одредат реперкусии за судиите и обвинителите што не постапуваат во одредените рокови.

- Напротив, со ваквите решенија, ние можеме само да им пренесеме порака на коруптивните ликови во државата дека им се исплати корупцијата, рече Ивановска.

Според дека од рпавниците со измените граѓаните се помалку ќе пријавуваат корупција.

Од Здружението на правници сметаат дека најпрвин требало да се измери општествената штетност, особено што станува за тешки предмети покренати од тогашното СЈО.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk