logo
logo
logo

Бензинот ПОЕВТИН ЗА 1,5 ДЕНАРИ, дизелот не се менува

Vecer | 18.07.2022

Бензинот ПОЕВТИН ЗА 1,5 ДЕНАРИ, дизелот не се менува

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот и понатаму ќе остане иста, најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски.

Тој посочи дека намалувањето на цените ќе беше поголемо доколку не се зголемеше курсот на доларот во однос на денарот.

Од РКЕ потврдуваат дека предлог цените кои треба да се донесат на седница предвидуваат намалување на цената на бензините и најавуваат дека новите цени ќе бидат објавени денеска околу 12:30 часот на веб-страницата на Регулаторната комисија.

Со последната одлука што ја донесе РКЕ во петокот на 15 јули цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 102,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 се продава за 104,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  за 100, а Екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ-1) за 98 денари за литар, додека цената на  Мазутот М-1 НС  изнесува 50,903 денари за килограм.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk