logo
logo
logo

МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ПРВОПЛАСИРАНА и ќе добие нови милиони од ЕУ, рече Мицкоски

Vecer | 25.06.2026

МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ПРВОПЛАСИРАНА и ќе добие нови милиони од ЕУ, рече Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски е убеден дека во дадениот рок ќе бидат донесени сите реформски закони, а со тоа ќе бидеме прворангирани на јунското „мерење“ за почеток на преговори во ЕУ и со официјална одлука на почетокот на јули ќе бидат ослободени уште средства за земјава.

-Апсолутно, да не речам дека сум сигурен дека тука веќе ќе влеземе како првопласирани. Има последни нивелирања на одредени законски решенија и индикатори кои денеска на онлајн владина седница после овие пратенички прашања ги завршуваме. Утре вие имате седница на Парламентот и цениме дека на тој начин ќе имаме меко приземјување со овој јунски циклус. Веќе следната недела имаме брифинг со евроамбасадорите во државата. Морам да се заблагодарам на сите институции и колеги од Владата кои и во неработни денови и празници работевме, да се заблагодарам на господинот Копан од ЕК со неговиот тим којшто често пати беше со нас во овие процеси, на пратениците кои не следат континуирано - рече Мицкоски денеска во Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk