logo
logo
logo

Три лица од Тетово се приведени: од нивниот дом се одземени дрога и оружје

Vecer | 10.06.2025

Три лица од Тетово се приведени: од нивниот дом се одземени дрога и оружје

На 09.06.2025 во 17.10 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Р.(36), А.Р.(37) и М.Р.(61), сите од Тетово. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 9 мм, рамка со 15 куршуми калибар 9 мм, две празни рамки, 100 куршуми калибар 9 мм, неколку пакувања со бела прашкаста материја, таблети, мобилен телефон и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител, а по негово целосно документиртање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk