logo
logo
logo

ДОЖД, ГРМЕЖИ И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР денеска низ земјава

Vecer | 02.06.2026

ДОЖД, ГРМЕЖИ И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР денеска низ земјава

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

На одделни места се очекува појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во западните делови од земјата повремено ќе биде и засилен од западен правец, со брзина што локално може да надмине 60 километри на час.

Во Скопје се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност, која може да донесе пороен дожд и појава на грмежи.

Метеоролозите препорачуваат внимателност при движење на отворено, особено во подрачјата каде што се очекуваат поинтензивни врнежи и засилен ветер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk