Хотелско-угостителската компанија „Македонијатурист“ го презема управувањето со хотелот „Русија“ до спортскиот центар Јане Сандански во Аеродром, Скопје, дознава „Фактор“.
Акционерското друштво, кое веќе поседува неколку познати хотели, регистрираше подружница на адресата на овој хотел кој своевремено го изгради рускиот мултимилионер Сергеј Самсоненко.
Хотелот е изграден во 2014 година, но во последно време, барем како што беше медиумски известувано, беше затворен и не примаше гости.
Во последните две години влегоа нови инвеститори во „Македонијатурист“ и целосно беше променета акционерската структура Друштвото ги поседува хотелите Холидеј Ин, Белви, Карпош, Турист и неактивните Бристол, Јадран и Водно
„Македонијатурист“ не одговори на нашето прашање за кога се планира реотворањето на хотел „Русија“ и дали се планирани инвестициски вложувања во објектот.
Хотел „Русија“ е подружница во сопственост на Спортски центар Јане Сандански Дооел, односно на Мариа Самсоненко.
Минатаат година е завршена со 45 регистрирани вработувања, но работењето со загуби продолжило. Остварен е приход од нешто повеќе од милион евра, но и загуба од околу половина милион евра. Паричниот влог изнесува 13,5 милиони евра.
Хотел Русија и спортскиот комплекс Јане Сандански во општона Аеродром се едни од најубавите објекти од овој вид во градот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата