logo
logo
logo

6 ОД 10 ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА КАНАБИС ЌЕ ГИ ИЗГУБАТ ЛИЦЕНЦИТЕ

Vecer | 22.02.2026

6 ОД 10 ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА КАНАБИС ЌЕ ГИ ИЗГУБАТ ЛИЦЕНЦИТЕ

Најмалку 6 од 10 лиценцирани компании за производство на канабис во медицински цели, по извршените контроли, се во постапка да ги изгубат лиценците, изјави министерот за здравство Азир Алиу за ТВ Телма.

– Од досега процесираните компании, од 10 најмалку 6, сега се во постапка на одземање на лиценците, затоа што не ги исполнуваат условите за лиценцирање предвидени во законот – рече Алиу.

Тој рече дека не може да даде повеќе детали кои ја довеле до заклучок стручната комисија на министерството да покрене постапка за одземање на лиценците, затоа што постапката е сѐ уште е во тек.

На прашање дали може да ги соопшти имињата на тие компании, министерот Алиу рече дека не сака тоа да го направи во оваа рана фаза, и дека процесот ќе заврши во вторник кога ќе бидат соопштени причините и имињата на компаниите за кои Комисијата на министерството за здравство утврдила дека не ги исполнуваат условите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk