logo
logo
logo

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Vecer | 17.12.2025

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно со член 17 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси ја евидентира и следи имотната состојба и интересите.

Согласно со член 82 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси сите избрани градоначалници на Локалните избори 2025 година имаат обврска, најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот, да поднесат изјава за имотна состојба и интереси, информираат од таму.

Потенцираат дека согласно со член 82 став 3 од наведениот закон, по престанокот на функцијата градоначалник, истите имаат обврска да поднесат изјава за имотна состојба.

„ДКСК изврши проверка во регистерот на имотна состојба и интереси и ја констатира следната состојба:

– 35 лица по престанок на функцијата – градоначалник, немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси и

– 19 лица по изборот на функцијата – градоначалник, немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси,

за кои ќе иницира постапки согласно закон, со издавање прекршочен платен налог.

ДКСК ќе ја следи состојбата и за сите наведени лица, кои и понатаму нема да ја исполнат законската обврска за доставување изјави, ќе иницира постапки за проверка на нивната имотна состојба и интереси“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk