logo
logo
logo

Минчев: „Јавната администрација влегува во дигитална ера на отчетност и мерливи резултати“

Vecer | 18.12.2025

Минчев: „Јавната администрација влегува во дигитална ера на отчетност и мерливи резултати“

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на настанот “Промоција на новата ИТ алатка за следење на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030”, организиран од страна на Министерството за јавна администрација, а со поддршка од Регионалното училиште за јавна администрација (РеСПА).

Настанот обедини високи претставници од државните институции, дипломатскиот кор, меѓународни и регионални организации, јавни службеници, како и претставници на граѓанскиот сектор.

Во своето обраќање, министерот Минчев истакна дека реформата на јавната администрација е јасна и цврста политичка заложба на Владата, насочена кон конкретни резултати во интерес на граѓаните и европската иднина на државата. Новата ИТ алатка, како што нагласи тој, претставува системска промена во начинот на планирање, спроведување и следење на јавните политики.

Ова не е техничка новина, туку системска промена во начинот на кој државата планира, спроведува и мери политики. Со поддршка на РЕСПА - Регионалното училиште за јавна администрација, и преку вградување на европски и регионални добри практики, воспоставивме дигитално решение што ги зајакнува капацитетите на јавните институции и воведува јасни стандарди на работа, отчетност и координација.“, истакна министерот Минчев

Министерот потенцираше дека со оваа алатка се овозможува прецизно следење на реформските активности, јасна распределба на институционалните одговорности и носење одлуки засновани на податоци.

Со ова решение, ја враќаме контролата таму каде што припаѓа – кај јавноста и ставаме крај на политиките без резултати и ветувањата без отчет“, нагласи Минчев.

На настанот се обрати и директорката на Регионалното училиште за јавна администрација (РЕСПА), Маја Ханџиска Трендафилова, која ја истакна важноста на регионалната соработка и примената на европските добри практики во процесот на реформа на јавната администрација.

Свои излагања имаа и Маја Рисова Мутлулар, шеф на кабинетот на министерот за јавна администрација и Мартин Тодевски, експерт од РЕСПА, кои ги презентираа клучните функционалности и практичните придобивки од ИТ алатката.

Настанот вклучи и панел-дискусија посветена на зголемување на транспарентноста преку иновации и дигитализација, со учество на претставници од академската заедница, извршната власт и независните институции.

Министерството за јавна администрација останува посветено на изградба на модерна, ефикасна и европска јавна администрација, во која резултатите се мерливи, процесите се отворени, а отчетноста е јасна и видлива за сите граѓани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk