logo
logo
logo

ГОЛЕМО ПОЕВТИНУВАЊЕ НА ДИЗЕЛОТ, бензинот со минимална корекција

Vecer | 01.06.2026

ГОЛЕМО ПОЕВТИНУВАЊЕ НА ДИЗЕЛОТ, бензинот со минимална корекција

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се намалуваат за 6,50 денари по литар, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе биде 88,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 90,00, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 85,50, а литар Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 87,50 денари.

За 3,238 денари поевтинува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе се продава за 47,906 денари.

Претходно, компанијата „Окта“ АД - Скопје соопшти воведува привремен попуст од 2 денари за литар за бензините од 95 и 98 октани како дел од напорите за поддршка на домашниот пазар на горива. Мерката ќе се применува во периодот од 2 до 16 јуни годинава.

Од компанијата соопштуваат дека одлуката е донесена како резултат на актуелните движења на меѓународните цени на горивата, но и како дел од континуираната комуникација со Владата насочена кон ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните и економијата.

Попустот ќе се однесува на сите трговци што набавуваат бензин од „Окта“ како во големопродажба така и во малопродажба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk