Еден од ресорите кои преживејаа катастрофално време и последици под власта на СДСМ и ДУИ беше образованието, кое заедно со здравството претставува темел на развојот на општетсвото. Според извештај на Обединетите нации работен заедно со Светска Баннка за 2023 година оценката е дека децата во Македонија остваруваат само 60% од својот капацитет заради лошото образование и здарвство.
За време на власта на СДСМ и ДУИ видовме експерименти со сопствените деца на кои образованието им беше птретворено во хорор и незивесност: насока да не се учи од книги туку од интернет, да се внесува хомосексуална идеологија во училиштата и меѓу учениците, да им се делат и флаери за таа цел, а да се укинуваат предмети како историја... Да имаме најслаби резултати на матурските испити од осамостојувањето на државата до денес, да има најмали инвестиции во образовните капацитети... На крај, да имаме пад на рејтингот во високото образование според Шангајската листа, пад на рејтингот каков Македонија не видела дваесет години нанзад
Патот да се “лекува“ образованието од тие експерименти и нанесената штета е долг но, започнат е со конкретни резултати. За почеток, децата да имаат книги и услови за учење согласно стандардите кои важат во сите образовани програми низ Европа. Да се врати угледот на наставниците и учењето пред се друго.

Започнува новата учебна 2025-2026 година, која ќе трае до 10 јуни, додека матурантите ќе ја завршат наставата на 15 мај. Министерството за образование и наука ги обезбеди учебниците за сите ученици, а за прв пат по седум години, учениците ќе имаат и учебници по странски јазици – англиски, француски, германски и италијански.
– Втора учебна година по ред започнува со учебници за сите ученици. Целосно нови учебници има за седмо одделение во основното образование и за прва година во гимназиите, поради примената на нови наставни програми. Најавувам дека овој процес на обнова на наставните содржини ќе има континуитет – истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната прес конференција.
Министерката нагласи дека со новиот Закон за учебници, во кој учествуваа сите засегнати чинители, се системски решени проблемите што се провлекуваа со години, нема предмети без учебници, нема доцнење на испораката и сите договори и авторски права се регулирани.
Во делот на инфраструктурата, во последната година отпочнат е инвестициски циклус вреден 67 милиони евра. Дел од проектите се веќе завршени, додека другите се во фаза на реализација. Новиот електронски дневник со подобрени перформанси овозможува наставниците секогаш да се најават и внесуваат податоци.

– Вештачката интелигенција влегува во наставата. Изготвен е прирачник за наставници и ученици со инструкции за етичка и ефикасна примена на новите технолошки алатки за образовни цели. Благодарност до професорите од Факултетот за информатика во Штип – додаде Јаневска, најавувајќи и обуки за наставниците на самиот почеток на учебната година.
Инклузивноста на образовниот систем е значително зголемена. Во основните училишта работат 1.346 образовни асистенти, а за прв пат, средношколците со посебни образовни потреби ќе имаат 130 образовни асистенти. Исто така, воведено е формално образование за деца на долготрајно болничко лекување, кои ќе можат да следат настава онлајн или индивидуално со наставник.
– Верувам во квалитетите на наставниците и очекувам мотивирани да ја започнат новата учебна година. Платите ќе бидат зголемени од 7,5% до 10% зависно од степенот на инфлацијата, за да се обезбеди реален раст – истакна Јаневска.
Новата учебна година нуди и поголема поддршка за талентираните ученици, вклучувајќи целосно покривање на трошоците за учество на меѓународни научни олимпијади и професионално-кариерно насочување за сите ученици.

Според податоците од општините, учебната година ја започнуваат 245.000 ученици – 177.800 основци и 67.200 средношколци.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата