logo
logo
logo

СО КОЈА АА ТАРАВАРИ ЌЕ ОДИ СО СВОИ ЛИСТИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: „Посакувам успех за „Влен“

Vecer | 30.04.2025

СО КОЈА АА ТАРАВАРИ ЌЕ ОДИ СО СВОИ ЛИСТИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: „Посакувам успех за „Влен“

Министерот за здравство Арбен Таравари во денешната изјава за медиуми рече дека се радува што „Влен“ се обедини, а како Алијанса за Албанците ќе излезеле со нивни сопствени листи на локалните избори и најверојатно со кандидати за градоначалници. Таравари рече и дека не е за предвремени парламентарни избори.

– Вчера „Влен“ се обедини, им посакувам многу успех. Многу се радувам што се споија трите партии. Подобро една партија, отколку три партии. Им посакувам успех на изборите. Ние, како Алијанса, ќе излеземе со наши сопствени листи и најверојатно и со наши кандидати за градоначалници, одговори Таравари на новинарско прашање.

Прашан дали тоа значи дека Алијанса не е дел повеќе од „Влен“ и дали петте нејзини пратеници ќе го известат собранискиот претседател Африм Гаши дека ќе дејствуваат како посебна пратеничка група, тој рече дека немало донесено таква одлука.

– Засега, немаме таква одлука. Меѓутоа, ако се иницира, без разлика, ние имаме пет наши пратеници, тие ќе продолжат како пратеничка група, „Влен“ ќе си има своја пратеничка група, одговори Таравари.

Тој рече дека веќе кажал оти не е за предвремени избори, а таков став имала и партијата.

– Има стабилно мнозинство, без разлика дали сме ние во влада, или не сме во влада. Јас сметам дека треба да има локални избори. Сите ние како политички партии ни е важно да излеземе со што подобри резултати на тие избори и таа ни е целта – да победиме во што повеќе општини, каде што ќе можеме, нормално, додаде Таравари.

Тој повтори дека штом премиерот Христијан Мицкоски се врати од Шпанија, ќе имаат состанок. Не знаеше да каже кога точно, но, нагласи, во комуникација се со премиерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk