logo
logo
logo

Општина Кичево со апел до граѓаните: ПРИ КУПУВАЊЕ СТАНОВИ, ПРИСТАПУВАЈТЕ СО ЗГОЛЕМЕНО ВНИМАНИЕ

Vecer | 13.01.2026

Општина Кичево со апел до граѓаните: ПРИ КУПУВАЊЕ СТАНОВИ, ПРИСТАПУВАЈТЕ СО ЗГОЛЕМЕНО ВНИМАНИЕ

Општина Кичево ги известува граѓаните дека на територијата на општината е евидентирана зачестена злоупотреба на издадените Одобренија за градење.

Во Одделението за инспекциски работи – Инспекторатот на Општина Кичево се водат постапки за објекти кај кои не е испочитувано Одобрението за градење, поради што статусот на тие објекти е доведен во прашање, а имотните листови на инвеститорите може да претрпат одредени измени.

Затоа, Општината апелира до граѓаните:

– При купување станови, особено на оние кои се изложени на продажба, пристапувајте со зголемено внимание.

Општината ги повикува граѓаните пред потпишување на било какви купопродажни договори да се обратат во просториите на Општина Кичево и да побараат подетални информации за конкретните објекти, со цел да бидат заштитени од евентуални манипулации и злоупотреби.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk