logo
logo
logo

Додека Филипче е во опозиција, мигранти во Македонија нема да има

Vecer | 12.12.2025

Додека Филипче е во опозиција, мигранти во Македонија нема да има

Во изминатиот период, сведоци сме на конструирање лаги, манипулации, скандали и вештачки теми, кои произлегуваат од СДС. За да го одвлече вниманието од сопствени проблеми, СДС на чело со Венко Филипче, се пушти на најјако во измислување лаги и манипулирање на јавноста, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа не е случајно и тоа сите го знаат. Наместо СДС да се исчисти од Филипче и неговиот ментор Заев, кои ја уништија партијата и ја доведоа до 120 илјади гласа, ти прават се за да останат на чело, на и така распуштената партија.

Од таа причина отвораат разни теми, како и последната со мигрантите. И покрај тоа што сите во државата, но и британскиот амбасадорот негираа дека во Македонија ќе се носат мигранти од Велика Британија, СДС и Венко Филипче продолжуваат само за тоа да зборуваат.

Иако знаат, уште еднаш им повторуваме, додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, во државава никакви мигранти нема да има.

Но, сепак, во државава има некој кој на македонска територија сакал да отвори прифатни центри за мигранти, а за тоа гласал и на владина седница.

Тоа е Венко Филипче, кој како министер во владата на Заев, активно работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци. Ова, Филипче го прави единствениот актуелен политичар кој работел на населување на мигранти во Македонија.

Во 2018 година, како министер во тогашната влада за Заев, Филипче активно учествувал во носењето План за проект за изградба на прифатен центар за мигранти во Бардовци.

На ден 26.01.2018 година, во „Службен весник на Република Македонија“, број 16, страна 189, точка 1.6, стои: „Изработка на државно урбанистичко-планска документација за прифатен центар на странци за потребите на Секторот за гранични работи и миграции при МВР на КП бр. 35, запишана во Имотен лист бр. 2140 за КО Бардовци.“

Од ова е многу очигледно дека Венко Филипче и СДС имале партиска и државна политика за населување мигранти и да не бил тогашниот притисок од ВМРО-ДПМНЕ, денес во Македонија ќе имаше мигранти.

На СДС, а посебно на Филипче кој сè уште е продолжена рака на Заев, на ваквото глумење загриженост и некаква одбрана на државата, никој не му верува. Ни на повикот за протести никој нема да им одговори, дури ни нивните последни поддржувачи и членови.

Затоа што и народот и членовите на СДС јасно гледаа и се срамат од овој двоец кој, освен што го има киднапирано СДС, и од опозиција продолжува да ја контаминира и Македонија. Сите добро знаат дека и така наречената декларација и темата за мигрантски кампови, се само обиди за спас на криминалите на Заев и Филипче“, потенцираат во соопштението.

„Нема да можат да дефокусираат со измислени теми и одговорност за криминалот ќе има, а тоа што треба СДС и Филипче да направат е да им се извинат на граѓаните за ширењето паника, сеењето страв и лажењето.

Сè додека Филипче е во опозиција, мигранти во Македонија нема да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk