logo
logo
logo

МОН ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО УЧЕНИЧКИ ДОМОВИ: Пријавувањето започнува на 25 јуни

Vecer | 30.03.2026

МОН ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО УЧЕНИЧКИ ДОМОВИ: Пријавувањето започнува на 25 јуни

Министерството за образование и нака објави Конкурс за  прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2026/2027 година, во кои на  учениците од средното образование ќе им биде обезбедено сместување и исхрана.

Според конкурсот на МОН, во 17 ученички домови (од кои пет се во Скопје) има речиси 2400 слободни места за сместување средношколци.

Учениците што ќе се  пријават на конкурсот треба да пополнат електронска пријава достапна на интернет-порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk и да ги поднесат потребните документи до министерството преку ученичкиот дом.

Рокот за пријавување на учениците  запишани во I, II, III и IV година ќе почне на 25 јуни 2026 и ќе трае до 10 јули 2026. По објавување на списоците со рангирани ученици по домови, учениците ќе имаат право на приговор во рок од три дена, кој се поднесува во Министерството за образование и наука.

Доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавувањето ќе биде активно од 28 јули 2026  сѐ додека има слободни места, за што Министерството за образование и наука, како што информира,  континуирано на својата веб-страница ќе објавува списоци за примени ученици по домови.

Во објавениот конкурс се наведени условите за прием, потребните документи и начинот на пријавување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk