logo
logo
logo

Над 36 милиони евра за данок

ГРАД СКОПЈЕ ГИ ПОВИКУВА ГРАЃАНИТЕ И ФИРМИТЕ ДА ГИ ПЛАТАТ ЗАОСТАТАНИТЕ ДОЛГОВИ

Vecer | 09.12.2025

ГРАД СКОПЈЕ ГИ ПОВИКУВА ГРАЃАНИТЕ И ФИРМИТЕ ДА ГИ ПЛАТАТ ЗАОСТАТАНИТЕ ДОЛГОВИ

Граѓаните и компаниите на Град Скопје му должат над 36 милиони евра за данок на имот и комунални такси, соопштија денеска градските власти.

„Даноците на имот и комуналните такси се основните извори на приходи на Градот Скопје. Средствата остварени од овие приходи овозможуваат финансирање на основните функции на Градот, изведба на инфраструктурните проекти, кофинансирање на услугите што ги даваат комуналните претпријатија и јавните установи, како и финансирање на трошоците на средните училишта во Градот Скопје. Според евиденцијата на Секторот за даноци на имот и комунални такси, за периодот од 2020 до 2025 година, по основ на даноци и такси, граѓаните и компаниите имаат долг спрема Градот Скопје во износ од преку 36 милиони евра“, соопшти Град Скопје.

Градската власт ги повикува сите даночни и таксени обврзници, правни и физички лица, кои немаат платено данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок и комунална такса-фирмарина, да ги подмират своите даночни обврски во најкраток временски рок.

Од Градот информираат дека секој даночен обврзник може да изврши увид во долгот, да ги преземе даночните и таксените решенија и електронски да го плати долгот преку електронската платформа на Град Скопје: https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml

Долгот може да се плати и преку даночните шалтери во Град Скопје, секој  работен ден од 8 до 19 часот, како и во сабота на 13.12.2025 година.

Од Градот ги наведуваат следните адреси и броеви за сите прашања:

-за данок на имот: 072/204-434 и 02/3207-546 како и е-маил адресите: [email protected], [email protected],

-за данок на промет, наследство и подарок: : 02/3297-298 и 02/3297-296 како и е-маил адресата: [email protected],

-за комунална такса-фирмарина:  02/3297-314 како и е маил адресата: [email protected]

-за даночно сметководство: 02/3297-298 и 02/3297-296, како  и на е-маил адресата: [email protected].

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk