logo
logo
logo

Вредностите кои Гоце Делчев ги оставил како аманет и како темел да ги доближиме до младите генерации

Vecer | 04.05.2026

Вредностите кои Гоце Делчев ги оставил како аманет и како темел да ги доближиме до младите генерации

„Делото на Гоце Делчев да го доближиме до денешните генерации затоа што колку и да е таа временска разлика присутна, 123 години изминати, околностите се различни, времето, приликите, можностите, тогаш и денес се сосема различни, но неговото дело е основата на нашата држава и наоѓа примена денес кај сегашните млади генерации“, истакна Иван Јорданов, градоначалник на Општина Штип на денешната трибина на тема „Наследството на Гоце Делчев низ политичката призма за Македонија“, по повод одбележување на 123 години од загинувањето на македонскиот великан, Гоце Делчев.

Јорданов нагласи дека Штип е со богато културно, историско наследство, а Гоце Делчев е дел од тоа богато наследство и посочи дека делото на Гоце Делчев треба да го доближиме до младите генерации и оние вредности кои ги ширел Делчев да продолжиме да ги шириме и ние.

„Младите коишто се вклучени во политиката, вклучени во организациите ќе ги имаат овие вредности кои Гоце Делчев ги оставил како аманет и како темел на идната македонска држава, а денешна реалност, за да можеме продолжиме да чекориме кон иднината и да ја развиваме нашата држава“, кажа Јорданов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk