logo
logo
logo

Пендаровски уште еднаш покажа дека ВИТКАЊЕТО КИЧМА Е ЕДИНСТВЕНАТА ПОЛИТИКА НА СДСМ

Vecer | 11.03.2025

Пендаровски уште еднаш покажа дека ВИТКАЊЕТО КИЧМА Е ЕДИНСТВЕНАТА ПОЛИТИКА НА СДСМ

Поранешниот претседател, Стево Пендаровски едвај дочека уште на првото појавување на интервју да ги поткопува позициите на Македонија во однос на надворешната политика. Пендаровски уште еднаш докажа дека СДС нема конзистентност во политиките, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пендаровски уште еднаш покажа дека „виткањето на кичма“ е единствената политика која ја познава СДС.

Пендаровски и аналитичарите од СДС ги поткопуваат позициите на државата на меѓународен план. СДС си го покажа вистинското лице и ставот дека се контра политиките на стратешкиот партнер на Македонија, САД.

Сервилноста и аматеризмот во надворешната политика која ја водеше Пендаровски и СДС ја доведе државата во незавидна позиција.

Кому му служат изјавите на Пендаровски?

Пендаровски со неговите изјави и пазарџиски политики, како и откривањето на разговори од средби со дипломати, само ги руши националните интереси и ги открива државните позиции, со што и прави штета на Македонија.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, постојано ги унапредува и зајакнува односите со стратешките партнери на државата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk