logo
logo
logo

Николоски: Радарскиот систем на скопскиот аеродром е поправен, нов радар се чувал неотворен, а се работело со стар за кој нема резервни делови

Vecer | 25.09.2025

Николоски: Радарскиот систем на скопскиот аеродром е поправен, нов радар се чувал неотворен, а се работело со стар за кој нема резервни делови

Вицепремиерот Александар Николоски денеска пред медиумите информираше дека од денес двата канали на радарскиот систем на скопскиот аеродром се во функција. Претходно медиуми информираа дека од неделата е расипан единствениот исправен радар во Контролата на летање во Македонската навигација (М-НАВ).

- Од утрово радарот е ставен во функција и проблемот е решен, така што од утрово имаме целосно функционален радар на скопскиот аеродром. Проблемот е решен во рекордно време од само три дена. Проблемот е решен со заедничка координирана работа на Владата , како исоа постојана работа на службите на М-НАВ, информира министерот за транспорт.

Николоски за решението им се заблагодари и на контролата на летање на Бугарија и на владата на Италија

- Сите безбедносни протоколи беа испочитувани, еве гледате - поминаа три дена и најнормално полетуваа и слетуваа авиони од сите авиокомпании. Ниту една авиокомпанија не откажа ниту еден лет, дополни Николоски.

Министерот рече дека радарскиот систем е стар 27 години и за истиот не се произведуваат делови веќе седум години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk