logo
logo
logo

СЛЕДУВА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР И СО ГРАД Издаден жолт аларм од УХМР

Vecer | 17.07.2025

СЛЕДУВА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР И СО ГРАД Издаден жолт аларм од УХМР

Управата за хидрометеоролошки работи издаде жолт аларм за територијата на цела Македонија, за можно силно невреме, односно за ветер и за грмотевици.

Се очекува денеска во попладневните и во вечерните часови да има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи. Ќе има услови за изолирано невреме со засилен ветер и појава на град, соопшти УХМР.

Утре, пак, поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, времето ќе биде малку посвежо. Во деновите потоа температурата повторно ќе биде во пораст и од понеделник се очекува да достигне 40 степени Целзиусови.

Алармите за предупредување на населението од временски непогоди се издаваат во жолта, портокалова и во црвена боја и се дел од системот за метеопредупредувања во Европа.

Жолт аларм значи умерена опасност од временските прилики, со можност за умерени последици по околината, портокалов значи дека опасноста е голема, а црвениот аларм предупредува за екстремна опасност, со можност за катастрофални последици по луѓето, нивните имоти и по околината.

Алармите се издаваат за различни временски прилики и појави: за ветер, дожд, горештина, студ, снег, мраз, грмотевици, крајбрежни настани, шумски пожари, лавини, поплави, порои, опасности на море и за суша.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk