Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со ветувањето за подобрување на инфраструктурата во образованието и активностите што се презема на тој план, изјави:
„Што се однесува до Министерството за образование, тука имаме инвестиции од околу 2 милијарди денари, седум комплетно нови училишта и 20 кои се реновираат, четири нови спортски сали, два студентски дома. Дел од билатералниот стратешки договор со Обединетото Кралство, е изградба на нов медицински факултет во рамките на новиот клинички центар во Штип и студентски дом со 200 легла. И очекувам оваа година да продолжи изградбата на зградите на факултетите ФИНКИ и ФФК при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, но и почетокот на изградбата на комплексот на Универзитетот „Мајка Тереза“, изјави премиерот
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата