logo
logo
logo

Дел се префрлаат на скопските клиники

ТРИ ЛИЦА ЗАГИНАА ВЕЧЕРВА ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈКА на патот Кичево – Гостивар, 8 се повредени

Vecer | 18.04.2025

ТРИ ЛИЦА ЗАГИНАА ВЕЧЕРВА ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈКА на патот Кичево – Гостивар, 8 се повредени

На патот Кичево – Гостивар помеѓу Кичево и село Трапчин Дол вечерва се случила тешка сообраќајна несреќа во која, како што информира портпаролот на СВР Охрид загинале три лица.

– Во 20.55 часот е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и село Трапчин Дол во која учествувале три возила. Според првичните информации три лица починале како последица на добиените повреди, а осум лица се пренесени во болницата во Кичево и во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје. Сообраќајот е во прекин во двата правци за сите видови возила изјави за ТВ 21 Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид за ТВ21.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК), соопштија дека поради сообраќајката на магистралниот пат А2 Делница Кичево – Гостивар, во непосредна близина на „Сеферов Бунар“ меѓу Кичево и село Трапчин Дол, сообраќајот е во прекин во двата правци за сите видови возила.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk