Законот за Влада со кој се укинува "пржинската" Влада е доставен во Собранието.
Според предлогот законот е со одложено дејство, што би значело дека ќе важи по наредните парламентарни избори.
Пржинска влада (често нарекувана и техничка или преодна влада) е посебен модел на влада во Македонија, воспоставен како резултат на политички договор (Пржински договор) од 2015 година. Нејзината примарна цел била намалување на тогашните политички тензии од објавите на прислукуваните телефонски разговори и организирање на фер и демократски избори и разрешување на длабоки политички кризи.

Клучни карактеристики на пржинската влада:
Временска рамка: Се формира 100 дена пред одржувањето на предвремените парламентарни избори.
Состав: Владата вклучува претставници и на владејачката партија и на опозицијата, со цел контрола на изборниот процес.
Технички премиер: Премиерот се повлекува, а се поставува нов технички премиер, кој најчесто доаѓа од редовите на владејачката партија, но со договор.
Опозициски министри: Опозицијата добива министри и дополнителни заменици-министри во клучни ресори (како МВР, труд и социјална политика) со право на вето, за да се спречат злоупотреби.
Пржинскиот договор е постигнат со посредство на Европската Унија меѓу четирите најголеми политички партии. Иако некои политички аналитичари и партии и долго оттогаш тој модел е вон функција и без првичните мотиви, доминира ставот во јавноста с дека овој модел е надминат и дека треба да се укине, но и покрај се тој се уште останува законска обврска за организирање на изборите во Македонија

Од Владата сметаат дека постојниот модел создава дополнителни политички и административни компликации, додека со новото решение се очекува поголема стабилност и континуитет во работењето на институциите.
Законот е по скратена постапка, а опозицијата дпсега тврдеше дека е против укинувањето на "пржинската" Влада
(Насловна фотографија: Дарко Андоновски
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата