Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово поднел кривична пријава против Ф.Р.(30) од с.Орашје, општина Јегуновце.
Според полицискиот билтен, при претрес на неговиот дом биле пронајдени автоматска пушка, две рамки со 22 куршуми калибар 7,62 мм, 78 куршуми, марихуана, дигитална вага и дробилка.
Полицијата го товари Ф.Р. за „неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
The post Автоматска пушка, муниција и марихуана – полициски плен во тетовско Орашје appeared first on NetPress.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата