logo
logo
logo

Вечер Тема

Антикорупциска: ОБВИНИТЕЛИТЕ И СУДИИТЕ НЕ ГОНАТ КОРУПЦИЈА... Не сме задоволни од нив

Vecer | 10.09.2023

Антикорупциска: ОБВИНИТЕЛИТЕ И СУДИИТЕ НЕ ГОНАТ КОРУПЦИЈА... Не сме задоволни од нив

Во време кога затворите се преполни, кога имаме 97% осудени за вина од страна на судиите што е ригиден процент на пресуди каков има само во Авганистан и Иран (европскиот е околу 60-65% осудени за вина од обвинетите и тужените), во време кога над 250 луѓе се судени или  осудени за виновни како предмет на политички прогон,  обвинитеството и судството има рејтинг на доверба во јавноста од само 3-4%. Најмалку од сите институции во државава.

Остана да се памети дека партиите од власта СДСМ и ДУИ во февруари 2020 година со “марш за правда“ протестираа пред судот со притисок и закани до судиите да забрзаат со судењето на политичките прогони на нивните неистомисленици, и заканата од тогашниот премиер Зоран Заев (СДСМ) до судиите: осудете ги за да не морам да се јавувам по телефон!

Можеше да има и побрза правда, ама требаше Заев да се јавува по телефони за да наредува пресуди“, децидно изјави тогашниот премиер Зоран Заев на проетстите од извршната против судската власт!

По тој датум, 17 февруари 2020 година, обвинителите и судиите се фрлија на работа “по команда“. Но, дека се суди “по команда“ потврди и Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Од почетокот на работата до крајот на 2021 година има донесено 1.150 пресуди во врска со земјите од Западен Балкан, од кои дури 185 се против Македонија, најмала држава во регионот.

Во ТВ дуел, на 27 февруари 2020 година, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во лице му објасни на Заев дека тие од владата директно го раководат обвинителството и судот, а притискаат само да се завршат што е можно побрзо и со максимални пресуди случаите од СЈО заради уништување на опозицијата и корист за својот партиски рејтинг. Други предмети не ги интерсираат, како корупција во актуеланата власт, на пример.

„Господине Заев најмалку СДСМ и Вие лично имате право да протестирате... Против кого протестиравте? Против таткото на Бојан Маричиќ, против сопругата на Бојан Маричиќ? Вашиот советник што е шеф на Кабинет на министерката? Против кого протестиравте Вие? Виш Јавен обвинител е таткото на Вашиот советник, порано бил дел од Републичкиот совет на обвинители, во времето на вие што велите „режимот“ оние 11 години“, заклучи Мицкоски на ТВ дулеот со Зоран Заев на Канал 5.

Паралелно со заканите до обвинителите и судиите да забрзат и осудат политички противници, СДСМ најавуваше смени на судии и прогони за нив ако не се држат до “насоките“. Никаде во Европа, никогаш, партиите на власт јавно не демонстрирале сила и протести против судовите, и никаде и никогаш во Европа немало од 100 обвинети или тужени дури 97% да бидат осудени за виновни. Адвокатите и судиите ја загубија улогата на фактор во судењета, кој е обвинет тој е и осуден.

Австрискиот амбасадор во Македонија Георг Вуцас, како и сите ние, ја гледа ситуацијата и знае кој суди формално, а кој навистина пресудува па во јуни годинава го обвини Зоран Заев дека директно се меша во судски процес на штета на австриска компанија која поради тоа не може да наплати долг затоа што од другата, заштитена страна, е фирма од фамилијата Заеви.

Заев му одговри на амбасадорот: “Ако амбасадорот и амбасадата го споменат уште еднаш моето име во ваква негативна конотација ќе морам да ги тужам за нанесена штета врз честа и угледот“. Не знаеме дали ги тужел, но знаеме декаква би била пресудата ако тужителот е Зоран Заев а загрозени се финансиски интереси на Фамилијата.

Па ако затворите се полни, ако од 100 обвинети дури 97 се осудени за виновни, а обвинителството и судсиите имаат рејтинг од мизерни 3-4% доверба во јавноста, зошто има толкава корупција?

Затоа што се судени и осудувани луѓе од опозицијата, политичари, новинари, бизнисмени, граѓани што критикувале власт на Фејсбук... после што радиклано се намалува јавната критика за корупција , и судења обични граѓани за мали дела. Сето тоа за да може, со статистика, обвинителството да докаже дека е најдобро во светот штом 0д 100 обвинети дури 97 се осудени, а судиите осудуваат како бара обвинителството, на брза лента, за да постигнат статистика и да не се замерат на извршната власт.

Ако основен суд се дрзне против владата и обвинителството да ослободи некого од вина, тука е главаната алатка на Зоран Заев, СДСМ и ДУИ - Апелација - да пресуди вина и да ја затвори приказната.

Во целиот тој процес корупцијата е на максимално ниво од псотоењето на независна Македонија до денес. Заклучок, се гонат и осудуваат сите осбен - тие што ја создаваат корупцијата.

Во Македонија има и државен орган за следење и укажување на корупција, Државната комисија за борба против корупцијата, која постојано бара поддршка од јавноста затоа што нивните наоди за корупција во власта - обвинителството ги игнорира, а судовите ги одбегнуваат. Обвинителтвото, наместо да постапува по наодите на Антикорупциска и отвара истраги, им соопшти дека прекинува соработка со нив иако, со закон, се обврзани да соработуваат.

Ова го потврдува и изјавата на претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска во интервју за Слободна Европа:

Состојбата со борбата со корупција во земјава не е подобрена, напротив институциите само 10 проценти преземале мерки за намалување на ризиците, вели претседателката на ДКСК Билјана Ивановска. Таа е незадоволна од досега преземените мерки, нема судска завршница на предметите поврзани со коруција.

  • Министерството за надворешни работи тврди дека до Антикорупциска и Обвинителство доставиле документација за тендерот што го доби Еуровиа за конференцијата на ОБСЕ, какви се вашите први сомнежи со оглед на тоа што први најавивте дека ќе отворите предмет пред да ви биде доставена документацијата?

Имајќи во предвид дека се работи за предмет со високо материјално значење, се работи за износ од 1,8 милиони евра, за спроведена постапка за јавна набавка, а каде што договорен орган е Министерството за надворешни работи а економски оператор е донатор на политичка партија. Знаете дека по нашиот закон имаме посебна надлежност да следиме избори донатори и сметки на политичките партии. Тоа беа првичните наши проценки, дека постојат ризици во соодветниот предмет и отворивме предмет.

Во меѓувреме пристигна документацијата од МНР, предметот е распределен кај член, следствено на тоа и кај советник. Ќе се изврши анализа на добиените документи, ако имаме потреба, а веројатно е дека ќе имаме потреба за нешто дополнително, тоа ќе го побараме, ќе го изанализираме, и нашите сознанија ќе ги споделиме со јавноста, впрочем како што тоа редовно го правиме.

  • Османи сега побара ДКСК да го истражи случајот за Еуровиа, а претходно вицепремиерот Артан Груби рече дека не верува во вашите капацитети. Кој е вашиот коментар за нивнито поделено мислење на двајцата функционери?

По можеби тие најдобро треба да кажат за нивните мислења, наше е да работиме професионално, независно, непристрасно и да одговориме на сите барања и пријави кои стигнуваат до нашата институција, како и да отвориме предмети по допрен глас од вас медиумите кои доаѓате до сознанија што ние редовно го правиме.

Како да ви кажам, на обвинувањата на Артан Груби ние си одговоривме соодветно, нашите капацитети се тие, ако Артан Груби е еден од тие што се залага за влез на државата во ЕУ, добро е да ги види оценките на Европската Комисија упатени до нашата институција, кои што од година во година, институцијата бележи напредок и добри резултати во своето работење.

Она што останува на член на Влада, односно на Владата и државата во целина е да ги спроведат препораката на Европската Комисија, да се обезбедуваат средства за работа и да се зајакнуваат капацитетите на оваа институција. Иако, споредено со 2019 година се во голема мера подобрени, сепак според надлежностите предвидени во законот, оставени се можности тие да се зајакнат.

  • Како го коментирате тврдењето на министерот Бујар Османи, кој што е трет човек во ДУИ дека од медиумите дознал оти сопственикот на фирмата што го добила тендерот и неговата сопруга се донатори на партијата ?

Извештаите за донаторство во партиите се јавно објавени документи. Тој би требало да ги види и да знае кој ви ја финансира партијата. Јас лично не можам да верувам дека некој што е трет човек во партијата не знае кој е донаторот. Некако не ми е логично да верувам во тоа, од една страна, а од друга страна тоа се јавно објавени податоци кои секој може да ги види.

  • Дали сте задоволни од преземените мерките во Национален фронт за борба против корупција?

Не можам да бидам задоволна кога немаме резултати, немаме завршница. Ние ќе бидеме задоволни кога ќе видиме ефект од работењето, а тоа е да видиме завршница, да имаме судски решенија, судски одлуки. Ние немаме судски одлуки.

Од интервју за Слободна Европа

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk