logo
logo
logo

Ангелов: За пожарот добивме повик од вознемирена мајка, ниту во најтешките препоставки не замислував таква трагедија, пруживме максимум

Vecer | 27.03.2025

Ангелов: За пожарот добивме повик од вознемирена мајка, ниту во најтешките препоставки не замислував таква трагедија, пруживме максимум

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов во 24 анализа рече дека се работи на формирање на една институција од ЦУК И Дирекцијата за заштита и спасување која ќе биде задолжена за заштита и безбедноста на граѓаните. Според него, создавањето на нова институција бара време. Тој зборуваше и за несреќата во Кочани и првите реакции од институциите на терен.

„Основниот курс на владата е формирање на една силна институција од двете постоечки институции ЦУК и Дирекцијата за заштита и спасување. ЦУК менаџира со сите државни ресури, ние управуваме со ресори во случај на кризна состојба, кај нас функционира бројот 112 кој беше корисен во несреќата во Кочани. Во петок закажавме наредна средба со премиерот, се работи забрзано, процесот на правање на нова институција тече но бара време, бара задирање во закони со вотретинско мнозинство, во Уставот нема кризна состојба, воена и вонедна имаме“, рече Ангелов.

Тој зборуваше и за трагедијата во Кочани и за реакцијата на институциите за време на несреќата.

„За овој трагичен настан кој ја потресе јавноста, засегнат сум бидејќи бев на лице место и сведок сум на некои сцени. Во првиот дел, пред да избувне пожарот се покажаа катастрофални системски пропусти а во вториот дел откако избувна пожарот се покажа брза реакција на надлежните институции бидејќи привот повик го добија пожарникарите во Кочани а ние добивме повик од вознемирана мајка која на едниот телефон ја имаше нејзината ќерка по која викаше а на другиот телефон беше повикот со нас. Веднаш ме известија за пожарот и првата проценка беше дека состојбата е тешка. Го повикав градоначалникот на Кочани и побарав да оди на местото на пожарот. Ниту во моите најтешки претпоставки немав замисла за ваква трагедија. Брзата помош беше известена, кочанските екипи дадоа прв одговр, побаравме помош од сите екипи во околината. Градоначалникот на Кочани беше изгубен и беше во плач, немаше претстава, зборуваше само дека ова е катастрофа. Кобната ноќ тој направи се што можеше да се направи. Директорката на болницата беше вџашена од тоа што гледа. Ја замолив да направи напор и да преброи колку има починати и колку повредени. Првата бројка што ми ја кажа беше 43 починати, потоа бројката порасна на 59. Бев шокиран, го известив за бројот на починати и повредени Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, тој беше шокиран. Пристигна веднаш во Кочани и премиерот веднаш пристигна. Одговорот кој нашата држава го пружи беше максимум“, додаде Ангелов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk