logo
logo
logo

Ангелов: Не верувам дека Мицкоски ќе го промени ставот, НЕМА ДА ИМА ДВОТРЕТИНСКО МНОЗИНСТВО ЗА ПРОМЕНА НА УСТАВ

Vecer | 30.05.2023

Ангелов: Не верувам дека Мицкоски ќе го промени ставот, НЕМА ДА ИМА ДВОТРЕТИНСКО МНОЗИНСТВО ЗА ПРОМЕНА НА УСТАВ

„Не верувам дека Христијан Мицкоски ќе го промени ставот. Ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ нема да го изигра и да гласа за, рече Стојанче Ангелов во емисијата на Алфа „За или против“.

Во однос на предвремени парламентарни избори, премиерот Ковачевски беше јасен, ако не обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени, работата си тече понатаму, додаде тој.

Според него не треба да има вонредните парламентарни избори бидејќи  редовните ни чукаат на врата, а и нема потреба за негова оставка.

- Според моите информации нема да има предвремени парламентарни ниту ќе има двотретинско мнозинство, иако сме под силен притисок од Европската Унија, а според моја прогноза нареден период ќе се засили. Според мене, Уставот треба да биде променет по урнек на хрватскиот модел, Македонија на македонскиот народ и на останататите малцинства, истакна Ангелов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk