logo
logo
logo

Андоновска: Град Скопје со 25 милиони денари ќе ги асфалтира улиците во населените места во Ѓорче Петров

Vecer | 20.04.2022

Андоновска: Град Скопје со 25 милиони денари ќе ги асфалтира улиците во населените места во Ѓорче Петров

„Навистина се радувам што денеска на оваа седница ќе носиме една ваква значајна одлука, а тоа е одлука за меѓуопштинска соработка на Градот Скопје со Општина Ѓорче Петров. Практично со оваа одлука што ќе ја носиме денеска за среќа се решава еден повеќе децениски проблем кој што го имаат дел од граѓаните во населените места Волково, Кисела јабука, Даме Груев, Ново село, Стопански двор, сето тоа во општина Ѓорче Петров“, истакна Марија Андоновска, советничка од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата денеска на седницата во Советот на Град Скопје.

Андоновска додаде дека луѓето кои што живеат не дел од улиците на наведените населени места во општина Ѓорче Петров повеќе од 20-тина години за жал се уште имаат неасфалтирани улици, и се уште газат во кал.

„Недозволиво е во 21 век луѓето да имаат неасфалтирани улици, да немаат соодветни услови за живот, така да јас навистина се радувам што ние денеска како Град Скопје носиме една одлука каде што Градот Скопје со 25 милиони денари ќе учествува во изградба т.е. во асфалтирањето на повеќе улици во општина Ѓорче Петров во населените места кои што веќе ги споменав“, нагласи Андоновска.

Андоновска посочи дека со оваа одлука ќе се реализира проектот за асфалтирање на улиците во Волково и тоа е улицата „83“, улица „100 десен крак“ пред улицата „83“, потоа улицата „73“, улицата „74“, улицата „78“, улица „80 Пржина“, улицата „81“ крак 1,2 и 3 од лево, улица „81“ во Волково крак 4 од десно. Ќе се асфалтираат и улиците во Кисела јабука, и тоа улица „4“, улица „6“, краците на улицата „46“ и „46-а“, улица „68“, улица „10“ и улица „34“. Во населеното место Даме Груев ќе се асфалтира и улицата „Анто Кецкаров“ што води кон касарната лево. Во Ново село ќе се асфалтира улицата пред школото кракот десно, улица пред школото кракот лево, и краците на улица „2“ и „4“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk