logo
logo
logo

Аман! Македонците ПИЈАТ 3,6 КИЛОГРАМИ КАФЕ ГОДИШНО!

Vecer | 03.10.2023

Аман! Македонците ПИЈАТ 3,6 КИЛОГРАМИ КАФЕ ГОДИШНО!

Страницата „World of Statistics“ на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) објави листа на земји во кои се трошат најмногу килограми кафе по глава на жител годишно, според која Македонија се наоѓа на 18-тo место и во неа граѓаните годишно пијат 3,6 килограми кафе.

Според оваа статистика, на прво место е Финска, каде годишно се пијат дури 9,6 килограми на жител.

Следуваат Норвешка со 7,2 килограми, Холандија со 6,7, Шведска со 6,5 и Словенија со 6,1 килограми.

Во „топ 10“ е и Австрија каде жителите годишно пијат 5,5 килограми, а веднаш зад неа, на седмата позиција е Србија со 5,4 килограми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk