logo
logo
logo

Александар Трајковски: Дали може Груевски да негира дека од мене бараше контакт...

Vecer | 25.09.2023

Александар Трајковски: Дали може Груевски да негира дека од мене бараше контакт...

Го гледам вклучувањето на мојот пријател, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во Инфомакс. Многу жалам што она што го напишав во отвореното писмо пред некој ден ми се потврди, дури сега сум повеќе загрижен и од тогаш.

Почитуван Никола,

Дали тоа што го кажуваш во емисијата можеш да ми го кажеш и на мене, гледајќи ме во очи?

Дали Никола можеш да негираш дека од мене бараше да направам средби со преставници од власта на кој ќе зборуваме за измени на кривичниот законик?

Жално Никола, жално. Ти верував толку години, сопствената слобода многупати ја ризикував верувајќи дека помагам на човек кој се мачи за Македонија, ама од ден за ден моето разочарување е се поголемо.

Што ли уште ќе слушнам од тебе Никола? Што ли уште ќе ме изненади?

Очигледно длабоко си влезен во играта и не можеш да излезеш.

До кое дереџе падна пријателе мој. Од голем водач на македонскиот народ, стана инструмент во рацете на власта..

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk