logo
logo
logo

Ако сакаат по хрватскиот модел, ЕДЕН НАРОД И ДРУГИТЕ МАЛЦИНСТВА - ТОА МОЖЕ

Vecer | 01.04.2023

Ако сакаат по хрватскиот модел, ЕДЕН НАРОД И ДРУГИТЕ МАЛЦИНСТВА - ТОА МОЖЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање како ги коментирате тезите на СДС и ДУИ дека уставните измени би можеле да се направат по примерот на Хрватска каде во Уставот има широко набројување на етничките заедници рече дека ако тоа е формулата за успех таква уставна измена ВМРО-ДПМНЕ одма ќе прифати.

-Па не знам дали се сигурни дека сакаат да биде според преамбулата во Хрватскиот Устав, еве јас сум подготвен ако е тоа формулата за успех уште утре да ја отпочнеме процедурата, да биде Македонија држава на еден народ и на малцинствата во нејзе, еве ако сакаат уште утре да ја отвориме преамбулата на Македонскиот Устав и да го направиме тоа според хрватскиот терк само да не се каат после тоа, да не речат некои други етнички заедници, па да речат, а не било баш така како што они кажуваат.

Инаку ако сакаат еве според преамбулата во Хрватскиот Устав веднаш, не знам дали ја прочитале, не знам дали виделе или така на памет само си кажуваат, но еве ние како ВМРО-ДПМНЕ одма прифаќаме, таква уставна измена прифаќаме, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk