logo
logo
logo

Ако не се постави топловодот под мостот Беласица, ЌЕ ИМА ЦЕНОВНА КАТАСТРОФА

Vecer | 22.09.2023

Ако не се постави топловодот под мостот Беласица, ЌЕ ИМА ЦЕНОВНА КАТАСТРОФА

Доколку не работи ТЕ-ТО ќе ни се случи ценовна катастрофа со топлинската енергија во Скопје а ние тоа нема да го дозволиме. Затоа нема да носиме одлука за цената се додека не добиеме уверување дека ќе биде поставен топловодот на мостот Беласица – изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Нагласи дека доколку не се донесе одлука ќе продолжи да важи постојната цена за парното греење.

Во Град Скопје и во ЕСМ има разумни луѓе и сметам дека ќе се договорат, рече Бислимоски и додаде дека е логички тој што е сопственик на мостот да даде дозвола ЕСМ дистрибуција на топлина да ги постави цевките кои се веќе донесени таму.

Бислимоски не очекува да поскапи цената што ја плаќаат граѓаните за комунален отпад откако РКЕ ја доби обврската да ја определува цената на оваа комунална услуга во сите општини во државата. Не очекува ниту драстично да поскапи струјата во текот на грејната сезона на берзите и посочува дека кај нас ќе зависи од цената што ќе ја понуди ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk