logo
logo
logo

Милошоски

„Ако Димовски несовесно дал ДРЖАВЈАНСТВО НА ЛИЦЕ НА ЦРНА ЛИСТА НА САД, не е само безбедносен проблем, туку и ДИПЛОМАТСКИ“

Vecer | 15.11.2022

„Ако Димовски несовесно дал ДРЖАВЈАНСТВО НА ЛИЦЕ НА ЦРНА ЛИСТА НА САД, не е само безбедносен проблем, туку и ДИПЛОМАТСКИ“

Поранешниот министер за надворешни работи и пратеник, Антонио Милошоски вели дека ако се докаже дека директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) ја злоупотребил службената положба во случајот со издавање на македонски пасош на Украинецот Олександар Онишченко тогаш тоа би било девалвирачки и за безбедносниот и за меѓународниот углед на Македонија.

Според него собраниската комисија за надзор над работата на безбедносните служби е директно надлежна врз работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) а комисијата за надворешна политика за целокупната биографија на амбасадорите.

- Но, доколку се утврди дека Виктор Димовски како директор на АНБ го злоупотребил своето место и постапил несовесно издавајќи државјанство на човек кој се трага со меѓународна потерница и е на црната листа на САД тогаш тоа би било навредувачки за Македонија таков човек да ја претставува во Париз. Тоа би било девалвирачки не само за безбедносниот туку и за дипломатскиот углед на Македонија – вели Милошоски.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk