logo
logo
logo

Лажат како што им одговара

На кого да му се верува за Теута Арифи? На Ахмети или Бујар Османи кој обвинува за лажни вести

Vecer | 03.05.2022

На кого да му се верува за Теута Арифи? На Ахмети или Бујар Османи кој обвинува за лажни вести

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети на 31 март 2022 ги коментираше предлозите на Владата за нови амбасадори. Ахмети вели дека Теута Арифи е предложена за амбасадор во ЕУ бидејќи го знае процесот бидејќи била поранешна вицепремиерка за евроинтеграции.

„Госпоѓа Арфи беше вицепремиер за евроинтеграции, како процес го препознава овој процес. Се проценува дека г-ѓа Арифи може да придонесе во оваа точка поради придонесите и претходните врски што ги имала со регионот, но и со Европската Унија“, рече Ахмети.

Ахмети го коментираше и предлогот Виктор Димовски да стане амбасадор во Париз.

„Не можам да потврдам дали господинот Димовски ги остави Албанците без државјанство, затоа што ова прашање е етнички и политизирано, бројките кои се зборуваат во јавноста се вртоглави, вистината е сосема поинаква, не значи дека не е направен заборав и пречки. за признавање на државјанството, тоа е процес под постојана грижа успешно да се заврши“, рече Ахмети.

 

 

Никогаш немало предлог за Теута Арифи да биде амбасадорка во Вашингтон и никогаш немало формализиран предлог за неа да биде амбасадорка во Брисел, уверуваше денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, главен спинер кој сопствените грешки гио покрива со обвининувања за лажни вести.

Одговарајќи на новинарски прашања, Османи рече дека имало размислувања Арифи да биде предложена за амбасадорка во ЕУ, но предлогот не бил формализиран, како и дека „никогаш, ама баш никогаш не бил пратен агреман за Арифи да биде амбасадорка во Анкара“, како што објавија дел од медиумите.

„Мислам дека треба да бидеме внимателни, еве денеска е ден на слободата на медиумите, но мора да внимаваме на прашањето за лажните вести, оти на крај жртви на лажните вести се граѓаните. Кога ние политичарите влегуваме во политиката свесни сме дека ќе бидеме жртва на лажни вести, но граѓаните не смеат да бидат. Во прашање е и достоинството на луѓето за кои зборуваме непроверено. Никогаш немало предлог за Теута Арифи да биде амбасадорка во Анкара. Немало ни размислување. Вчера не само помали медиуми, туку и мејнстрим медиуми објавија вест за Арифи без да побараат став од МНР. Никогаш немало предлог за Арифи за Вашингтон, за таа да биде одбиена. За ЕУ немало формализиран предлог за Арифи, имало размислувања, но формален предлог за Брисел за Арифи немало. Ни за Анкара немало агреман за неа. Да внимаваме при споменување на имиња. Не било пратено барање за агреман за која било држава за Теута Арифи“, рече Османи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk