logo
logo
logo

Агелер: Уставните измени треба да се усвојат

Vecer | 24.01.2023

Агелер: Уставните измени треба да се усвојат

Амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер денеска од Гостивар порача дека уставните измени треба да се усвојат за земјава да се придвижи напред. Според неа, пратениците треба да гласаат за да има напредок.
– Знам дека е тешко, но треба да се усвојат уставните измени што знам дека не е баш омилен и популарен чекор, но е неопходен за чекор напред. Пратениците треба да гласаат за уставните промени, за државата да може да се придвижи напред со дискусиите и процесот за интеграција и пристапување кон ЕУ. Според мене, тоа е клучно, бидејќи таму лежи успешната иднина на оваа земја, рече Агелер, одговорајќи на прашања на панел дискусијата „Ајде да зборуваме за предизвиците и иднината на Северна Македонија“ што се одржа во Ценатрот за млади во заедницата (YCC).
Амбасадорката нагласи дека е запозната со партиски ставови на пратениците, дека тие имаат гласачи и дека тие се одговорни кон нив, но смета дека „ова е во најдобар интерес на Северна Македонија“ и на тоа мисли кога ја спомнува „тешката одлука“.
– И затоа, засега тоа е предизвик, верувам дека ако се донесе таа одлука и дека пратениците треба да гласаат за да може да има напредок, истакна Агелер откако еден од учесниците на панелот во врска со македонските евроинтеграции, праша на кои „тешки одлуки“ мисли амбасадорката кога посочува дека треба да ги донесат нашите политичари. Таа подвлече дека тешката одлука сега е да се направи потребниот избор за земјава да се придвижи кон ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk