logo
logo
logo

Агелер: Имавме напори за да останат топли домовите во Македонија, но овие прашања се уште не се решени

Vecer | 30.05.2023

Агелер: Имавме напори за да останат топли домовите во Македонија, но овие прашања се уште не се решени

Американската амбасадорка во Скопје, Анџела Агелер, во обраќањето на Енергетскиот Форум 2023 побара Македонија поревносно да дејствува во обезбедувањето на што е можно поголем избор во обезбедувањето на енергетски ресурси.

Според Агелер, Европа и Македонија се на „крстосницата на неколку горки енергетски прашања и нагласи дека енергетската криза од изминатиот период што беше исклучително тешка била поттикната од руската агресија во Украина. Тоа како што рече таа, открива открива колку е важна енергетската независност, особено во Македонија.

-Имавме напори секаде во Европа, кај американските партнери за да останат топли домовите во Северна Македонија, но овие прашања се уште не се решени. Зимата повторно ќе се врати и апелирам до сите итно да дејствувате за диверзификација на енергетските ресурси, рече Агелер во обраќањето на МЕФ.

Таа истакна дека САД работат напорно на зајакнување на енергетската издржливост и отпорност и потсети дека неодамна и помогнаа на Македонија да ја воспостави берзата ден-однапред за тргување со електрична енергија.

-Апелираме да се склучуваат партнерства и со локалните бизниси каде што нашите американски партнери може да обезбедуваат производи и услуги за запазување на еколошките цели, додаде американската амбасадорка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk