„Ќе почнеме еден цел серијал како суделе поедини судии и како обвинувале поедини одредени обвинители. Јавноста нека суди дали тие заслужуваат да одат и да кодошат таму во Брисел дека Владата не им ги зголемува платите. И тие во Брисел нека судат дали овие луѓе што се генератори на корупцијата во државата, дали ја заслужуваат оваа плата. Ние како Влада сме избрани 15 месеци и нема ниту еден скандал. Тоа е владеење на право“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски запрашан за платите на судиите и обвинителите.
Според него, јавноста нека суди дали 1,5% од БДП (260 милиони евра) треба да има буџет за платите на судиите и обвинителите што е за 2,5 до 3% над просекот во ЕУ.
Мицкоски не очекува од „тие кои што ги поставиле ваквите судии и обвинители да имаат поинаков став од тој што го имаат – заштитнички“.
Премиерот вели дека „политичарите од Мала Речица и Бихаќка“ ги бранат.
- Тие се нивниот последен бастион за одбрана од криминалот и корупцијата во минатото. Свесни се и исплашени дека оној шверцерски закон со европско знаменце не е доволен за да се спасат. Со овие судии и обвинители, неколкумина, се последен бастион во одбрана на претходната влада. Мора да имаме судии кои што судат и обвинители кои што обвинуваат според закон и Устав, додаде Мицкоски.
-На цела македонска јавност и стана јасно дека не зборуваме за суштински реформи во судството и обвинителството, туку зборуваме за зголемување на буџетите со цел зголемување на платите, тоа е реформата и добро е што сега македонската јавност може да суди, дали овие кои што, мал дел кои што го загрозуват овој процес, и обвинители и судии кои што не ја заслужуват ниту оваа плата која што ја земаат.
Ќе ги зголемиме платите во судско обинителската служба, вели премиерот, бидејќи дискрапанцата помеѓу службите со судиите и обвинителите е 3, 5 или 7 пати.
-Дали ние ќе одвоиме два пати повеќе од некои многу поразвиени членки на ЕУ, еве оставам јавноста и граѓаните да судат за платите на судите и обвинителите, тоа е суштината. Значи ние континуирано зборуваме за зголемување на платите на судиите и обвинителите. Никој не е против, измените на законот за обинителска и судска служба, тие се два закони каде што администрацијата за вработените во судовите и обвинителствата ќе ги зголемиме платите и тоа ќе го направиме и тоа е дел од преговорите што ги водиме со синдикатите и подготвени сме тоа да го направиме, и тука никој нема против затоа што дискрипанцата е пет спрема еден, седум смрема еден помеѓу нивните асистенти и помошници и самите обвинители. Ќе има зголемување преку компаративни анализи, а не како што бараат, потенцираше Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата